Конор Мекгрегор го изгуби шампионскиот појас во лесна категорија од UFC, потврди вчера претседателот на ова натпреварување, Дејна Вајт. Оваа информација беше објавена пред почетокот на UFC 223, што ќе се одржи викендов.
Мекгрегор се нема појавено во рингот на UFC од ноември 2016 година, кога ја освои титулата во лесна категорија. Последен пат тој се натпреваруваше во август минатата година, кога настапи во боксерски меч против Флојд Мејведер, а тој меч заврши со пораз на Шкотот.
Претходно Дејна Вајт најавуваше дека нема да му ја одземе титулата на Конор Мекгрегор, но сега потврди дека го сменил мислењето на таа тема. Тој очекува Шкотот да се врати во рингот оваа година, иако не можеше да потенцира кога точно би можело да се очекува неговото враќање.
„Конор Мекгрегор со сигурно се враќа во рингот на UFC оваа година“, рече Дејна Вајт.
Вајт додаде и дека би сакал да го види Мекгрегор во рингот уште викендов, за време на UFC 223, но смета дека плановите на борецот се различни.
Главниот настан викендов ќе биде борбата помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Макс Холовеј, во која овие двајца ќе се борат за титулата во лесна категорија. Оригинално, Нурмагомедов требаше да се бори против Тони Фергусон во категоријата перо-лесна, но потоа додаде неколку килограми и затоа сега се натпреварува во лесна категорија. Мекгрегор официјално ќе остане без шампионски појас кога ќе започне борбата помеѓу Нурмагомедов и Холовеј.