Мекгрегор пуштен на слобода со 50.000 долари кауција

Славниот ирски MMA борец Конор Мекгрегор синоќа е пуштен на слобода со 50.000 долари кауција. Мекгрегор пред судот во Њујорк се појави после инцидентот на медиумскиот настан на UFC.

За потсетување, Мекгрегор насилно влезе на настанот ден откако му беше одземена титулата светски првак во лесна категорија.

Тој е снимен како ограда и други различни предмети фрла кон автобусот во кој се наоѓаа UFC борците, вклучувајќи ги и членовите од тимот на рускиот MMA борец Хабиб Нурмагомедов.

Двајца борци се повредени, а Мекгрегор по инцидентот сам и се предаде на полицијата.

Мета на нападот на Мекгрегор наводно бил неговиот долгогодишен ривал, споменатиот Русин, но наместо тој повредени беа двајца Американци.

Мекгрегор во UFC последен пат се бореше во неомври 2016 година, кога го победи Еди Алварез и ја освои титулата првак во лесна категорија.

Меѓутоа, својот наслов никогаш не го бранеше, а наместо тоа се одлучи на боксерски меч со Флојд Мејведер во август минатата година. Мекгрегор го загуби тој меч.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе