Конор Мекгрегор синоќа се врати на своите корени и влезе во Crumlin Boxing Club каде го почнал своето спортско патување кога бил дете.
Познатиот ММА борец боксуваше во егзибициски меч во Даблин во рамки на настан во теретаната, познат како Good Friday Club Show.
Мекгрегор се бореше со аматерскиот боксер Мајкл Мекгрејн, а борбата заврши нерешено.
Снимки од мечот со УФЦ ѕвездата веднаш се појавија на социјалните мрежи.
Мекгрегор, кој соопшти дека се повлекува од ММА спортот, а потоа се премисли, уште нема официјално договорено нова УФЦ борба.
Последната голема победа на Ирецот беше во 2016 година против Еди Алварез во борба за титулата во перолесна категорија.