Останати спортови

Мекгрегор со пијана порака до Хабиб: Ова не е готово

20. март 2019 - 14:42 | А.С.

Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор изјави дека со задоволство повторно би влегол во октагонот со Хабиб Нурмагомедов од кого изгуби пред неколку месеци.

Мекгрегор (30) видно пијан, во друштво на сопругата Ди Девлин, јавно го прозиваше Хабиб на прослава по повод Сент Патрик на улиците на Бостон.

„Тој е тежок противник. Беше многу поподготвен од мене и признавам дека го потценив. Тоа беше голем момент за него и тоа морам да го почитувам. Меѓутоа, лесно е тоа да го направиш еднаш. Немав доволно почитување. Имам голема самодоверба, голема желба и во форма сум. Мора да има реванш. Ти ги удрив братот и роднините, ова не е готово“, порача Мекгрегор.

Дагестанецот го победи Мекгрегор со нокаут во четвртата рунда, но потоа настана хаос кога Хабиб поради провокации излета од октагонот и продолжи со борбата во публика.

Ирецот ги одработи своите шест месеци казна поради инцидентот, а Хабиб доби девет месеци.

ММА светот се надева на реванш, а нема сомнение дека евентуалната борба меѓу двајцата ривали би била вистински спектакл што ќе донесе многу пари.

Коментирај