Механичар предупредува: Мала километража, големи проблеми

Ако возите многу малку километри годишно, можеби ќе сакате да размислите за начинот на кој го користите вашиот автомобил.

Механичарот Крег од Walsall Wood Tires објави видео на TikTok предупредувајќи за ризиците од ретко возните автомобили, пренесува LADBible.

Крег им препорачува на возачите со мала годишна километража да посветат посебно внимание на одржувањето на своите возила.

„Автомобилите кои најчесто ги гледаме во лоша состојба, или поради корозија или оштетени делови, се оние кои се возат минимално, да речеме само 30 километри.

„Ваквите возила често се во полоша состојба за технички преглед од оние што надминуваат 100.000 километри годишно, бидејќи деловите остануваат неподвижни и неподмачкани“, истакнува Крег.

Тој потоа додаде: „Исто така, нечистотијата и солта на патот остануваат на компонентите бидејќи дождот не ги измил, што доведува до сериозна корозија и расипување на возилото. Исто така, проверка на автомобилот треба да се прави на секои 12 месеци без разлика на староста на автомобилот или километражата, исто како и редовното сервисирање еднаш годишно“.

Еден поранешен механичар го потврди ова тврдење, нагласувајќи дека автомобилите кои ретко се користат се влошуваат со текот на времето.

Техничкиот преглед е законски потребен за да се осигура дека возилата ги исполнуваат безбедносните стандарди, исправноста и еколошките норми, со што ќе се заштитат возачите и другите учесници во сообраќајот. Без валиден технички преглед, возачите се изложени на ризик од казни, забрана за возење, неважечко осигурување и можност нивното возило да биде прогласено за небезбедно за сообраќај.

реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Најопасното сирење: Забрането е од 60-тите, на Сардинија уште го јадат

Read more

Кога чешањето на кожата може да биде симптом на рак?

Read more

Скопје завеано во снег, ќе врне и во наредните денови

Read more

Авто новости

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Read more

Објавена листа со најпопуларните автомобилски брендови во Европа

Read more

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Read more

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Read more
 

Автомобили

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Читај повеќе
  • filter

Објавена листа со најпопуларните автомобилски брендови во Европа

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе