Американската атлетичарка Сидни МекЛафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката на државното првенство на САД во Јуџин со време од 51,46 секунди.
МекЛафлин со тоа за 5 стотинки го подобри досегашниот светски рекорд, кој беше во нејзина сопственост, постигнат на Олимписките игри во Токио минатата година.
МекЛафлин е главна фаворитка за златниот медал на 400 метри со пречки на Светското атлетско првенство, кое од 15 до 24 јули ќе се одржи токму во Јуџин.