Ф1

Мекларен се враќа кон корените, ја врати портокаловата боја

24. февруари 2017 - 16:21 | Макфакс

По Вилијамс, Рено, Мерцедес и Ферари и екипата на Мекларен го претстави болидот за новата сезона во Формула 1. Болидот ја носи ознаката MCL32 и со него британскиот тим ја започнува новата ера во тимската историја.

Мекларен за оваа сезона реши да ги смени боите на тимот, а болидот MCL32 е првиот модел уште од 1980 година кој го нема префиксот MP4. Новата ера во тимската историја е најавена со заминувањето на Рон Денис, на чие место дојде Зек Браун.

Бојата на новиот Мекларен е портокалова, што само потврдува дека тимот се враќа на корените, бидејќи оваа боја на болидот Мекларен ја имаше од 1968 до 1971 година.

За Мекларен во новата сезона ќе возат Фернандо Алонсо и дебитантот Стофел Вандорн.

 

 

Коментирај