Мекларен со специјален дизајн на болидот на Алонсо за Абу Даби

Ф1
/ 21.11.2018 / 17:55
Абу Даби, 21 ноември 2018 (МИА) – Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо ќе го запише последниот старт во Абу Даби со специјален дизајн на својот болид. Алонсо најави претходно оваа година дека во сезоната 2019 ќе се одмори од Формула 1, но ја остава отворена вратата за евентуално враќање.

За неговиот последен старт оваа сезона Мекларен додадоа на болидот сина, жолта и црвена, какви што се и боите на неговиот шлем. Заедно со нив, Мекларен поставиле отстрана на болидот и специјално лого на Шпанецот – „FA“.

– Ние сме неверојатно горди што можеме да му го обезбедиме овој болид на Алонсо. Сакаме последната негова Гран При трка да биде посебна на некаков начин и ова беше еден од начините. Работевме тесно со Фернандо, а потоа и со ФИА и сопствениците на Формула 1 за овој уникатен дизајн. Сите не поддржаа, изјави шефот на Мекларен, Зак Браун.

Првпат, уште од Гран При на Португалија во 1986 година, Мекларен користат различен дизајн од актуелниот во таа сезона.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе