Музика

Меколи Калкин: Спиев во ист кревет со Мајкл Џексон и моите родители знаеја за тоа

14. март 2019 - 14:31 | К.З.

Уште откако излезе документарниот филм „Leaving Neverland“ на HBO, никако да стивнат приказните околу наводните случаи на педофилија против легендарната поп-ѕвезда Мајкл Џексон. Луѓето се поделија на два табори – едни кои го обвинуваат и други кои го бранат.

Песните на „кралот на поп-музиката“ беа повлечени од голем број големи радио-станици, FOX ги повлече епизодите од „The Simpsons“ во кои се појавува Џексон, а многу музички артисти веќе го отстранија неговото име од заедничките песни.

Последен во низата се огласи актерот Меколи Калкин, чиј близок однос со Мајкл Џексон е одамна познат на јавноста. Тој уште одамна, додека Џексон беше жив, застана на негова страна и тоа продолжи и сега, откако документарецот наводно „откри“ случаи на педофилија за пејачот.

„Во мојот случај, сето тоа беше нормално. Тоа беше едно обично човечко пријателство. Лесно е да се каже дека е ‘изопачено’, но навистина не е така. Луѓето го преиспитуваат нашето пријателство бидејќи тој е најпознатиот човек на светот“, вели Калкин.

Инаку, Меколи Калкин во 2005 година сведочеше во корист на одбраната во судскиот случај во кој Мајкл Џексон беше обвинет дека го силувал тогаш 24-годишниот актер. Тогаш Калкин пред судот изјави дека тој дури спиел во ист кревет со Мајкл Џексон, како и дека неговите родители знаеле за тоа, но немале никаков проблем бидејќи му верувале на пејачот.

Коментирај