Меконахи откри зошто одбил улога од 15 милиони долари за да прифати од 200 илјади

Актерот Метју Меконахи е познат по бројните улоги, но и по својот јасен став за разликата помеѓу успехот и парите. Во гостувањето во подкастот „Modern Wisdom“ откри зошто одбил улога вредна 15 милиони долари.

Наведе дека чувството на исполнетост и среќа му се поважни од големите заработувачки кои носат и големи улоги.

„Парите и славата станаа синоним за успех. Кој има повеќе е победник. За мене профитот има поинакво значење. Има разлика помеѓу успехот и профитот. Профитот ви се враќа, но не само преку бројките на сметката“, рече тој.

Меконахи тврди дека ги цени парите, но многу финансиски успешни актери како него не се задоволни со животот затоа што немаат вистинска цел во животот.

„Многумина го загубија компасот. Тие само бркаа заработка и немаа ниту врски ниту смисла во животот“, рече тој.

Ова не е првпат да одбие улога која би можела да му донесе голема заработка. Во 2012 година во интервју за The Guardian зборуваше за откажувањето од романтичните комедии и тогаш рече: „Ги сакав, беа добро платени, беше забавно, но не бев сигурен дали сакам да продолжам по тој пат. Сакав нешто што повторно ќе ме исполнува“.

Во 2008 година Меконахи одбил улога во филмот „Magnum P.I.“ иако за тоа му биле понудени 15 милиони долари. Набргу потоа прифатил улога во филмот „Dallas Buyers Club“ за кој добил помалку од 200.000 долари. Таа улога го доведе до Оскар и голема пресвртница во неговата кариера.

Коментирајќи го тогашниот голем успех, рече дека квалитетот на животот не е пропорционален со бројките на сметката. Оваа улога му донела поголема исполнетост отколку парите што ги одбил.

Потсетуваме, Метју Меконахи неодамна целосно го напушти Холивуд и реши да живее помирен живот во Тексас.

Како што изјави, причината е желбата да се врати во родниот крај каде што живее мајка му. Исто така, тврди дека сакал неговите деца да го имаат она што тој го имал кога растел.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Филм & ТВ

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Read more

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе