Фудбал

Мексиканец убедил 16.000 луѓе дека е фудбалер на Јувентус

11. октомври 2018 - 12:55 | А.С.

Дионисио Фарид можеби не е талентиран за фудбал, но затоа е многу добар во правење измами.

19-годишниот Мексиканец од Оаксака решил да си измисли успешна фудбалска кариера и создал лажни вести и профил на Instagram за себе дека е млада надежна ѕвезда на подмладокот на италијанскиот клуб Јувентус.

Во Торино „стигнал“ откако скаути го забележале на турнир во САД, а претходно „играл“ за мексиканските Лобос и Пумас.

Измамникот успеал да убеди 16.000 луѓе во неговата фабрикувана приказна, кои го следеле на Instagram како „новата надежна ѕвезда на Јувентус“ како што се претставувал и во лажните објави во непостоечки медиуми.

Неговата измама била откриена откако реагирал Јувентус дека нема Мексиканец ни во јуниорите, ни во сениорите на клубот. Instagram веднаш го избриша неговиот профил по откривањето на измамата.

Фарид отишол до таму што дури и го фотошопирал својот лик на местото на Португалецот Жоао Сера на фотографија од младинската екипа и ја објавил на социјалните мрежи.

Коментирај