Мексико: Државната полиција ги уапси сите полицајци во еден град поради убиство на политичар

Федералните полициски сили на Мексико ги приведоа сите полицајци од градот Окампо и го блокираа градот поради сомнежи дека тие учествувале во убиството на кандидатот за градоначалник.

Фернандо Ангелес Хуарез беше убиен во четвртокот пред неговиот имот. Тој е само уште една бројка во црната статистика на Мексико во која се убиени преку 100 политичари кои се дел од општите избори кои се одржуваат на 1 јули. Хуарез е третиот политичар кој е убиен во западната држава Мичоакан во последните седум дена.
 
Во акцијата која ја спроведоа властите на Мексико се уапсени 27 полицајци и секретарот на локалната јавна сигурност, Оскар Гонзалез Гарсија, кој е обвинет за соучество во убиството. Кога федералците пристигнале во градот за да го уапсат секретарот, на патот им застанале 27-те полицајци. Затоа, утредента федералците се вратиле со засилување и го блокирале целиот град, притоа апсејќи ги сите полицајци и нивниот шеф. Сите тие беа префрлени во Морелија.
 
Тужителите ги обвинија Гарсија и полицајците за организиран криминал во мексичката држава. Убиениот Фернандо Ангелес Хуарез беше успешен бизнисмен со мало политичко искуство. Тој размислувал дали да се пријави на изборите како независен кандидат, но потоа решил да се приклучи на една од главните мексикански партии, Партијата за демократска револуција.
 
„Не можеше да гледа толкава сиромаштија, нееднаквост и корупција, па реши да се кандидира“, изјави еден од неговите најблиски пријатели, Мигуел Малагон.
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе