Мексико му понуди азил на Асанж

Мексиканскиот претседател јавно му понуди на Џулијан Асанж политички азил во неговата земја.

„Ќе побарам од министерот за надворешни работи да ја сработи потребната процедура за да испратиме барање до британската Влада да го ослободи г-дин Асанж и за Мексико да му понуди политички азил“, рече претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор.

Левичарскиот лидер ја поздрави одлуката на британскиот суд да го одбие барањето на САД за екстрадиција на 49-годишниот Австралиец врз основа на тоа дека е склон кон самоубиство.

„Асанж е новинар и заслужува правда. Мексико има долга историја на давање азил“, додаде претседателот на Мексико.

URL

Нема да биде прв пат Мексико да додели политички азил некому бидејќи тоа го има напрвено во неколку наврати вклучувајќи ги никарагвајскиот антиимперијалист и локален херој Сесар Аугусто Сандино, потоа рускиот револуционер Лав Троцски, а последен во низата е поранешниот боливиски претседател Ево Моралес.

Асанж е баран во САД по 18 обвиненија, сите поврзани со објавувањето на 500 илјади тајни документи поврзани со воените дејствија на САД во Авганистан и Ирак кои ги објави во 2010 година и кои станаа познати како ВикиЛикс.

Доколку Мексико му додели азил на Асанж ќе ризикува да ги влоши односите со соседот САД под новата администрација на Џо Бајден.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе