Мексико: Ова е Фрида и досега има спасено 52 човечки животи

Фрида е полициско куче од специјалната единица на Мексиканската морнарица и за нејзиниот херојски подвиг добу пофалба од претседателот на Мексико Енрике Пења Нието.

Многумина што ја имаат видено оваа убавица на дело, како трага по преживеани по разорниот земјотрес  што пред три дена го погоди јужно Мексико, ја сметаат за вистински херој.

Лабрадорот Фрида со денови предано ги пребарува урнатините во Мексико Сити по земјотресот од 7,1 степени по Рихтеровата скала во кој досега загинаа 245 луѓе.

Пред само две недели, Фрида спаси 12 луѓе по уште посилниот земјотрес што го погоди градот Оаксака.

Луѓето ѝ се восхитуваат на нејзината храброст и херојски подвизи, а благодарение на социјалните мрежи, за кратко време Фрида стана сензација ширум светот.

Претседателот на Мексико за неа на Twitter напиша:

„Ова е Фрида. Таа помогна да се спасат 52 човечки животи во природни катастрофи во земјата и во странство.“

Кога работи на терен, Фрида носи специјална заштитна опрема, очила за да не ѝ влегува чад и прашина во очите и посебни обувки за да може да се движи по тешко проодни терени.

За оваа тешка и одговорна работа Фрида била обучувана откако има две години.

Со долгогодишното искуство има стекнато титула Специјалист за трагање по изгубени лица.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе