Мексико Сити ја менува статуата на Колумбо со лик на староседелка

МИА / КАЈГАНА
/ 08.09.2021 / 12:51

Статуата на Кристофер Колумбо среде Мексико Сити ќе биде заменета со отелотворение на жена староседелка, соопштија властите во пресрет на 200-годишнината од независноста на Мексико.

Ликот на италијанскиот морнар, кој беше отстранет лани откако демонстранти почнаа да го уриваат, ќе биде преместен „на безбедно, достоинствено“ место, соопшти Националниот институт за антропологија и историја. Но, ќе биде заменет со скулптура од жена од народот Олмеци – древна мезоамериканска племенска заедница која живеела во денешно Мексико. Новата статуа е изработена од мексиканскиот уметник Педро Рејес, истакна градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум.

„Домородните жени се можеби најнеправедно претставени во историјата на Мексико, односно им е оддадено најмалку признание. Оваа одлука е и чин на социјална правда, како и признание за 500 години отпор на староседелците од освојувањето од страна на Шпанија“, рече таа.

Активистите лани одржаа протест наречен „Ајде да го урнеме“, на 12 октомври – датум кој го одбележува доаѓањето на Колумбо во Америка во 1492 година. Во Мексико, датумот се слави како Ден на натпреварот – во знак на мешаното домородно и европско наследство на земјата, но во многу други земји тој е Ден на Колумбо.

Статуата во Мексико Сити, која беше оштетена и во 1992 година, првпат била поставена на авенијата „Пасео де ла Реформа“ во 1877 година. Министерството за култура при отстранувањето изјави дека статуата е тргната заради реставрација.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе