УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

МекТоминеј: Нема поента да го победиш ПСЖ ако одиграш лошо против Лајпциг

Шкотланѓанецот од редовите на Манчестер Јунајтед повикува на претпазливост и повторување на прикажаното бидејќи големата победа во Париз ќе биде излишна ако „Ѓаволите“ кикснат дома со Лајпциг.

По големото изненадување минатат недела кога Јунајтед успеа да слави победа среде Париз, утревечер на домашен терен го пречекува незгодниот Лајпциг.

Скот МекТоминеј беше еден од јунаците таа ноќ, а сега повикува да се повтори добрата игра бидејќи пирова би излегла та апобеда доколку не се триумфира дома против Лајпциг. Во меѓувреме, Манчестер го среди Њукасл викендов со 4:1.

„Победа во среда ќе биде огромен успех за сите и за самодовербата која од недела во недела и натпревар по натпревар ни се зголемува. Навистина ќе делува позитивно за тимот“, вели Скот за United Daily.

„Нема поента да одите во Париз, кога е во прашање голем натпревар и кога целиот свет ве гледа, да одиграте навистина добро, а потоа да не одиграте добро дома против Лајпциг, или да не ја повторите добрата игра која ви донела победа во Париз“, смета тој.

Но, иако Лајпциг не е на рангот на ПСЖ, сепак не е воопшто слаб тим. Лани стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите кога испадна токму од ПСЖ.

„Знаеме дека ќе внесат интензитет во играта. Тие се страшен тим, ги гледав многупати лани кога играа во Лигата на шампионите. Тие се многу, многу интензивен тим со добар тренер и добри фудбалери. Така да, нема да биде воопшто лесно“, завршува Шкотланѓанецот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе