Меланија го пофали Трамп и повторно го подели интернетот

Пред неколку месеци, анонимен извор близок до Меланија Трамп тврдеше дека првата дама на САД се подготвува за живот надвор од Белата куќа и „најверојатно без Доналд“ бидејќи наводно сака живот далеку од медиумското внимание.

Белата куќа тогаш не излезе со став за ваквите тврдења.

Во ексклузивно интервју со Шон Ханити за Fox News што се емитуваше вчера, Меланија Трамп отворено зборуваше за можноста за втор мандат во Белата куќа.

„Сметам дека мојот сопруг одлично си ја работи работата. На земјата никогаш не ѝ одело подобро. Затоа, да, сакам земјата да продолжи во таа насока“, рече таа.

Нејзината изјава, очекувано, наиде на различни реакции во јавноста, а интернетот „експлодира“ со коментари во дијаметрално спротивни насоки – едни ја фалат првата дама и ѝ честитаат што го поддржува сопругот, додека други сметаат дека тоа не се нејзини зборови, напротив, многу потсетуваат на речникот на Доналд Трамп.

 

Во книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“, американскиот новинар Мајкл Вулф тврди дека кога Доналд Трамп бил избран за претседател, Меланија плачела – но не од среќа.

Белата куќа активно ги негира скандалозните тврдења изнесени во книгата во која е опфатен периодот од изборната кампања на Трамп и почетокот на владеењето на неговата администрација.

„Госпоѓа Трамп ја поддржа одлуката на нејзиниот сопруг да се кандидира за претседател, дури и го охрабри во намерата. Таа беше уверена дека ќе победи и беше многу среќна кога се случи тоа“, изјави портпаролката на првата дама, Стефани Гришам, во јануари, 2018 година.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе