Свет

Меланија им „среди“ американско државјанство на родителите по принципот што Трамп најмногу го мрази

10. август 2018 - 7:58 | МИА/КАЈГАНА

Њујорк, 10 август 2018 (МИА) – Родителите на првата дама на САД Меланија Трамп добија американско државјанство, јавија американски медиуми.

Адвокат на Виктор и Амалија Кнавс, изјави во Њујорк дека словенечката двојка од синоќа се државјани на САД.

Виктор Кнавс (74) е две години постар од својот зет, додека Амалија е на 73-годишна возраст.

Меланија (48) е родена во Ново Место во Словенија. Татко ѝ бил продавач на автомобили додека мајка ѝ работела во текстилна фабрика.

Таа живее во Њујорк од 1996 година. За Доналд Трамп се мажи во 2005 година и во 2006 доби американско државјанство со т.н. „Ајнштајнова виза“ за талентирани имигранти.

Нејзините родители добија дозвола за постојан престој во САД врз основа на програмата за „верижна миграција“, кога возрасни луѓе кои добиле американско државјанство гарантираат за апликацијата на нивни роднини за дозвола за престој, принцип што Доналд Трамп најостро го критикуваше и тврди дека масовно се злоупотребува.

Коментирај