Магазин

Меланија Трамп ќе ги тужи Словенците за виното „First Lady“

19. март 2017 - 19:01 | А.С.

Четири словенечки винарии од регионот во близина на Севница, родното место на меланија Трамп, произведоа вино од сортата „франковка“ и во нејзина чест го нарекоа „First Lady“ (Прва дама).

Продажбата на виното почна во винарската визба во дворецот Севница, популарно туристичко место во Словенија.

Првите 3.000 шишиња се продале за само три дена, а останатите 2.000 се подготвени за продажба во продавницата за сувенири во дворецот и во градското туристичко биро.

Цената на шишињата вино од бербата во 2015 година чинат 27,5 евра, а управителот на дворецот Севница Рок Петанчиќ смета дека тоа е разумна цена.

„Имаме добро вино, најдобри салами и други производи од ова подрачје. Не треба да се плашиме или да се срамиме кога ги нудиме на пошироката публика“, рече Петанчиќ и додаде дека им било сугерирано дека виното може да го продаваат и по 500 евра од шише.

Колекцијата „First Lady“ содржи и салами произведени од месо на ретка словенечка врста свињи, како и чоколади и козметички кремови.

Иако Меланија, која не го одобрила името на виното и го ангажирала словенечкото адвокатско друштво "Pirc Musar & Partnerji" за да ги спречи локалните производители да профитираат на нејзиното име и лик, Петанчиќ вели дека воопшто не е загрижен.

Коментирај