Мелони добива смртни закани поради договорот со Албанија

МАКФАКС
/ 31.10.2024 / 14:01

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Мелони во средата вечерта за телевизијата RAI 1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.

„Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за миграција. Ќе направам сè оваа соработка да донесе опипливи резултати“, изјави Мелони.

Таа рече дека целта на владата е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин што го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе создадат сериозни проблеми за трговците со луѓе што ѝ се заканувале со смрт.

Како што наведе таа, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ.

Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се агресивна реакција на тоа што, како што наведе, функционира стратегијата на италијанската влада.

Мелони додаде дека, и покрај противењето, доаѓањата се намалени 60 отсто, а репатријацијата е зголемена 30 отсто поради миграциската политика на актуелната влада.

Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, кои се опфатени со договорот меѓу Рим и Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени назад во Италија.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Свет

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Read more

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Read more

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Read more

Синот на Ел Чапо ќе соработува со властите во САД против нарко-картелите

Read more
 

Вести

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе

Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Ел Чапо ќе соработува со властите во САД против нарко-картелите

Читај повеќе

Русите вечерва ќе кажат кој ќе оди на преговори во Турција

Читај повеќе