Мелони ја поддржа Украина, Берлускони „ја смени песната“

А.С.
/ 27.10.2022 / 13:39

Единствениот начин да се овозможи мировен договор меѓу Русија и Украина е да му се помогне на Киев воено да се одбрани, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

„Мирот може да се постигне со поддршка на Украина... Ова е единствената шанса што ја имаме за двете страни да преговараат“, рече Мелони пред Сенатот пред гласањето за доверба на нејзината новоименувана десничарска влада.

Мелони повторно вети дека ќе му помогне на Киев, додека нејзините коалициски сојузници Силвио Берлускони и Матео Салвини се многу поамбивалентни по ова прашање поради нивните минати врски со рускиот претседател Владимир Путин. Иако оружјето што Италија ѝ го испраќа на Украина не е одлучувачко за исходот на војната, тие се клучни за Италија да го зачува меѓународниот кредибилитет, рече таа.

Берлускони ја поддржа

Берлускони, кој предизвика политички метеж минатата недела повторувајќи ги своите симпатии кон Путин и обвинувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски за започнување на војната, ја поддржа Мелони во дебатата. Тој рече дека отсекогаш работел на обединување на Москва со Западот, но дека руската инвазија на Украина значи дека тоа сега е невозможно.

„Во таа ситуација, се разбира, ние стоиме покрај Западот“, рече тој. „Мораме да работиме за мир и тоа ќе го направиме во целосна согласност со нашите западни сојузници и со почитување на волјата на украинскиот народ“, додаде тој.

Владата убедливо ја доби довербата на Сенатот со 115 гласа за и 79 против. Слично беше гласањето и во Претставничкиот дом.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе