Mercedes AMG го претстави новиот спортски модел кој развива 730 КС
По бројните најави, Mercedes AMG официјално ја претстави најекстремната верзија на својот спортски модел GT.
Она што е ново за GT Black Series е новиот V8 мотор кој произведува 730 коњски сили и 800 Nm максимален вртежен момент.
Со помош на 7-степен DCT менувач GT Black Series од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,2 секунди, а до 200 км/ч за помалку од 9 секунди.
Black Series има и посебни детали со помош на кои ќе се разликува од останатите GT модели.
Сè уште не е позната цената за овој модел кој на пазарот пристигнува во 2021 година.