Mercedes Benz ја претстави освежената Е Класа
Освежениот AMG E63 S го придвижува 4-литарски V8 мотор кој развива 612 коњски сили, а може да се купи во две каросериски варијанти.
Од компанијата, на почетокот на годината го претставија редизајнираното издание на Е Класа(W213), а сега е освежена и најмоќната Е Класа зад која стои одделот AMG на Mercedes.
AMG E63 S развива 612 коњски сили и 850 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,4 секунди и развива 290 км/ч.