Mercedes го претстави болидот за одбрана на титулата во Формула 1

Ф1
/ 13.02.2019 / 19:08

Денеска во Силверстоун, тимот на Mercedes го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1 натпреварувањето. Минатата сезона Луис Хамилтон ја освои титулата во Ф1, а оваа година тој ќе има можност да вози побрз и посовремен болид.

Болидот кој е наречен AMG F1 W10 EQ Power+ на прв поглед е многу сличен со минатогодишниот модел, но е значајно побрз и модернизиран, тврди шефот на екипата, Тото Волф.

Mercedes оваа сезона ќе атакува на петтата последователна титула во конкуренција на конструктори, а за оваа екипа трета сезона по ред ќе вози дуото составено од Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

„Правилата се променија и сега секоја екипа има право да се надева на големи резултати. Моравме да направиме болид од нула и затоа ќе мора одново да се докажуваме“, рече Волф, кој откри дека болидот за оваа сезона почнал да се подготвува уште од 2017 година.

Свое мислење даде и Луис Хамилтон, кој потенцираше дека уживал во шампионската титула од минатата сезона, но дека оваа година може да биде уште подобра за него и за тимот.

Сезоната во Формула 1 започнува на 17 март во Мелбурн.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе