Mercedes ја претстави новата Ц класа
Компанијата Mercedes Benz официјално ја претстави новата Ц класа.
Mercedes ја претстави W201 генерацијата од 1982 година како претходник на Ц класата, а тој модел стана најпродаван во понудата. По речиси 40 години на пазарот и 6 генерации, Ц класата е продадена во повеќе од 10,5 милиони примероци. Сега новата генерација има задача да го продолжи успехот на своите претходници.
Германскиот луксузен бренд не губи време, па освен новиот седан претставија и практичен караван.
Сите мотори се електрифицирани и впарени со 9-степен автоматски менувач. Во понуда се моделите C200 и C200 4Matic со 1,5-литарски мотор кој развива 201 КС и 300 Nm максимален вртежен момент, модел со погон на сите 4 тркала од 0 до 100 км/час забрзува за 7,1 секунда.
Нарачките во Европа ќе почнат при крај на март.
Погледнете ја галеријата.