Mercedes ја претстави новата С класа – најсовремениот автомобил на сите времиња
Новата С класа нуди бројни иновации, асистенција при возењето, безбедност и интеракција.
Новата генерација на С класата доаѓа како олицетворение на автомобил кој претставува репер за технологија, луксуз, комфор и дизајн. Како прво, Mercedes ја истакнува втората генерација на системот MBUX (Mercedes Benz User Experience), која дебитира во новата С класа.
Веќе имавме можност да го запознаеме ентериерот. Новиот MBUX диктира внатрешен дизајн без непотребни детали. Современиот ентериер е полн со луксуз и остава впечаток на највисок степен на квалитет, додека бројните екрани јасно покажуваат дека пристигнале некои нови времиња.
Користејќи ги камерите на горната контролна табла и алгоритмите, MBUX Interior Assist ги препознава и ги предвидува намерите на патниците. На пример, ако возачот погледне назад преку рамото, Interior Assist автоматски ќе го отвори стаклото на задниот прозорец.
Се очекува дека од втората половина на 2021 година, С класата ќе може да се управува со новата функција Drive Pilot. Што се однесува до моторите, на почетокот се нудат S450 4Matic со 435 коњски сили, S350d 4Matic со 286 коњски сили и S400d со 330 коњски сили.