Mercedes ќе згасне два SUV модела?

Во поплавата SUV модели се појавија т.н. купе SUV модели. Mercedes не ги сака повеќе.

 

Кога BMW започна со купе верзија на SUV, чудниот X6, малкумина очекуваа дека ќе биде пазарен успех. Тоа се покажа како победничко решение, а наскоро и остатокот од конкуренцијата го понуди истото. Со текот на времето, понудата се сведе и на помали модели, па купе верзии понудија Renault и други.

Mercedes, исто така, ја усоврши својата понуда за SUV со купе верзии. Покрај огромниот GLE, GLC доби и подинамични изданија. Бидејќи гамата на Mercedes драстично порасна во последните години, компанијата сега размислува за нејзино оптимизирање, а двата споменати модели се на удар.

Имено, како што пишува германски Handelsblatt, повикувајќи се на извори блиски до раководството, сè погласно се зборува за судбината на овие два модела. Во моментов раководството знае дека мора нешто да направи, но сепак не се согласуваат за конечното решение. Имено, дел се залага за згаснување на двата модела, друг дел само за еден, а има и такви кои мислат дека следната генерација на GLC и GLE треба да се спојат во еден модел, барем кога станува збор за купе перформансите.

За потсетување, купе верзиите на моделите GLC и GLE, кои на пазарот се натпреваруваат со BMW X4 и X6, моментално учествуваат со 10-15 проценти од продажбата на моделите GLE и GLC. Во 2026 година на пазарот треба да излезе електричен модел со големина на GLC, кој нема да има купе верзија.

Втората генерација на купето GLC беше претставена во 2023 година, додека сегашното купе GLE постои од 2019 година и наскоро ќе добие благи ажурирања. Тоа значи дека двата модели ќе останат на пазарот барем уште неколку години пред компанијата да одлучи дали ќе има наследник.

Со оглед на сеприсутното штедење, единствената можност за опстанок е да се повтори рецептот од купе моделите E и C, а тоа е спојување на моделите во едно (CLE). Истовремено, треба да се има предвид дека класите А и Б се блиску до крајот на нивниот циклус.

Тагови
реклама

Авто новости

Дали поголемите возила се побезбедни?

Read more

Откриена иднината на Porsche во Скопје – незаборавна ноќ со новиот Macan

Read more

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Read more

Контроверзниот електричен Jaguar мамеше погледи низ улиците на Париз

Read more
 

Автомобили

Дали поголемите возила се побезбедни?

Читај повеќе
  • filter

Откриена иднината на Porsche во Скопје – незаборавна ноќ со новиот Macan

Читај повеќе

Новата Škoda е СУВ со седум седишта

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Контроверзниот електричен Jaguar мамеше погледи низ улиците на Париз

Читај повеќе

Дали R8 ќе биде најмоќното и најбрзото Audi во историјата?

Читај повеќе
  • filter

Toyota продолжува со електрификација: Пристигна електричниот C-HR

Читај повеќе

Моќниот Audi Q6 e-tron влезе во производство, позната и почетната цена

Читај повеќе

Прашање на кое се паѓа на возачки испит: Кој има првенство на минување овде?

Читај повеќе

Колку заработува извршниот директор на Volkswagen и Porsche?

Читај повеќе