Компанијата Mercedes е во завршната фаза на развојот на потполно нов електричен кросовер EQB.
Како што пишува Auto Express, EQB ќе ја дели платформата со моделот GLB, а во продажба се очекува да пристигне во 2021 година, по моделот EQA.
Споменатото списание објави и рендери кои наговестуваат како ќе изгледа новиот електричен кросовер.
Новиот EQB ќе ја дели платформата со моделот GLB кој има конвенционален погон. Ќе биде базиран на модифицираната верзија на постоечката MFA2 платформа која ја користат најновата А Класа, Б Класа и CLA.
Засега не се познати прецизни детали, но се претпоставува дека ќе развива 270 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент.
ЕQS лимузината ќе биде конкуренција на моделот S на Tesla.