Mercedes S класа за 2018

Рестилизираната S класа на Mercedes деновиве ќе пристигне во продажните салони со дискретно променет дизајн, нови мотори и унапредени технологии.

Кај надворешниот изглед, редизајнот ја опфати маската на предницата, нови LED светла кои му даваат посовремен изглед на автомобилот, како и нови LED стоп светла.

Променет е и дизајнот на предниот браник, кој сега има нагласени отвори за воздух, па S класата за 2018 има подинамичен изглед.

На купувачите на располагање ќе им бидат седум типови на алуминиумски фелни со целосно нов дизајн, чии димензии се движат од 17 до 20 инчи.

Најзабележливата промена во кабината е редизајнираниот волан. На многумина кај претходната верзија им пречеше двокракиот волан, па Mercedes одлучи да го послуша гласот на јавноста и го замени со естетски поприфатлив волан со три краци.. Друг новитет е визуелното поврзување на двата 12,3 инчни дисплеи во една целина.

Во претходниот модел, екранот и инструмент таблата беа раздвоени, а сега се добива впечаток дека пред вас е еден огромен екран кој зазема повеќе од половина од командната табла.

Во поглед на моторите, треба да се издвои новата верзија, Mercedes S 560 4MATIC. Овој модел е опремен со нов V8 би-турбо мотор со 469 КС и 700 Nm вртежен момент.

Според производителот, ова е еден од најекономичните V8 бензински мотори на денешницата и троши 10% помалку гориво од претходникот, благодарение на системот за деактивација на 4 од 8 цилиндри, кога компјутерот ќе процени дека на возилото не му е потребна максимална моќност.

Новитет во дизел палетата претставуваат две варијанти на 3.0 литарскиот шестоцилиндарец: S 350d 4MATIC со 286 КС и 600 Nm и S 400d 4MATIC со 340 КС и 700 Nm. Послабиот има просечна потрошувачка од 5,5 л на 100 км, додека поможната верзија има просечна потрошувачка од 5,6 л/100 км.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе