Мерилин Менсон излезе од затвор за една недела

Мерилин Менсон беше во затвор од 2 јули откако се предаде на полицијата во Лос Анџелес. По него беше распишана потерница за бидејќи наводно нападнал и плукнал снимател на концерт во 2019 година во Њу Хемпшир.

Рокерот, чие вистинско име е Брајан Ворнер, е обвинет по две прекршочни точки поврзани со инцидентот од 18 август 2019 година во амфитеатарот во Гилфорд. Податоците од полицијата во округот Лос Анџелес покажуваат дека Менсон бил притворен во затворот во Лос Анџелес на 2 јули.

Ентони Бурпи, началник на полицијата во Гилфорд, вчера им потврди на американските медиуми дека рокерот им се предал на властите, и дека Менсон бил процесуиран и ослободен со кауција.

„Задоволни сме од одлуката на г-дин Ворнер конечно да одговори на потерницата издадена во 2019 година“, рече Бурпи.

Во мај, откако полицијата издаде налог за апсење, адвокатот на Менсон за ТВ-станицата NBC10 во Бостон изјави дека обвинението за напад врз снимателот е „смешно“.

„Секој што присуствувал на концертот на Мерилин Менсон знае дека тој сака да биде провокативен на сцената, особено пред камерите. Ова прекршочно обвинение е поднесено откако добивме барање од снимателот да платиме 35.000 долари, бидејќи мала количина плунка му паднала на рака. Откако побаравме докази за наводната штета, никогаш не добивме одговор“, рече адвокатот, додавајќи:

„Целото ова тврдење е смешно, но ние ќе продолжиме да соработуваме со властите, како што сторивме досега.

52-годишниот музичар би требало да има судење во Њу Хемпшир, но датумот сè уште не е објавен. Доколку биде осуден, музичарот се соочува со можна максимална казна од една година затвор и парична казна од 2.000 американски долари.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе