Свет

Меркел: Covid-19 е најголем предизвик за Германија по Втората светска војна

18. март 2020 - 20:27 | МИА

Ниту еден предизвик не бара таква солидарност од Германците по крајот на Втората светска војна како сегашната пандемија. Ова го нагласи германската канцеларка Ангела Меркел во првото обраќање до нацијата.

„Коронавирусот драматично ги менува животите во нашата земја. Нашите идеи за нормално функционирање, социјален живот, социјална кохабитација – сето ова е ставено на тест како никогаш досега “, истакна Меркел.

„Јас сум цврсто убедена дека ние ќе го решиме овој проблем ако сите граѓани дадат свој придонес“, додаде таа.

- Поради таа причина, дозволете ми да ви кажам дека ова е сериозно. Сфатете го сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна не постои ваков предизвик за нашата држава“, нагласи канцеларката.

„Постојат многу истражувања низ целиот свет, но засега нема ниту лекови за коронавирус, ниту вакцина“, рече Меркел.

Додека е тоа така, треба да се стори само една работа – да се забави ширењето на вирусот, да добиеме на време, рече канцеларката.

Според неа, треба да се ограничи социјалниот живот колку што е можно повеќе.

„Ние мора да избегнеме сè што може да ги загрози луѓето, се што може да му наштети на поединецот и на општеството“, рече Меркел.

Таа ја потенцира важноста да се ограничи движењето на луѓето за да се запре ширењето на болеста.

„Следните недели ќе бидат уште потешки“, рече канцеларката. Меркел потсети дека „милиони не можат да одат на работа, децата не одат на училиште или градинка, театри, кина, продавниците се затворени“.

Коментирај