Меркел до Германците: Заборавете на новогодишни забави и масовни прослави

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика германските граѓани на дисциплиниран начин да се придржуваат на новите рестриктивни мерки воведени денеска и ги намали надежите дека е можно брзо враќање во нормала по четири недели, колку што ќе останат во сила мерките.

„Треба да се подготвиме за Божик во сенка на коронавирусот. Но, тоа не мора да биде Божик на осаменоста", рече Ангела Меркел по состанокот со т.н. корона кабинет.

Таа исто така најави дека нема да ги има вообичаените прослави на новогодишната ноќ.

„Лудите новогодишни забави или масовни прослави за новогодишната ноќ нема да бидат можни. Светлото на крајот од тунелот е сè уште многу далеку“, рече Меркел.

Таа уште еднаш ги повика граѓаните да се придржуваат до сегашните и новите мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

„Секој од нас одлучува дали ќе го паметиме овој ноември како заеднички успех, а придржувањето кон мерките е клучно“, рече Меркел.

Таа објасни дека сегашната состојба со зголемувањето на бројот на заразени сепак предизвикува причина за загриженост.

„Денеска бележиме трикратно зголемување на бројот на заразени лица во споредба со средината на октомври. Ако ова продолжи, капацитетите на болниците ќе бидат преоптоварени“, рече Меркел, додавајќи дека треба да се дојде до ситуација во која повторно ќе биде можно да се следи текот на заразата, што веќе некое време е невозможно.

Формула за успех - намалување на контактите, работа од дома, избегнување посети и прослави

Германската канцеларка објасни дека во Германија бројот на новоинфицирани на 100.000 жители во последните 24 часа е 127, и дека целта е тој да падне под 50.

„Треба да го намалиме бројот на контакти, да работиме од дома што е можно повеќе, да избегнеме посета на роднини и да избегнеме прослави. Така ќе создадеме услови за поднослив декември“, рече Меркел и додаде дека може да го разбере незадоволството на некои луѓе од новите мерки, но дека нејзина задача е да ги убеди луѓето во неопходноста од овие мерки.

На прашањето зошто е забранета посета на ресторани и театри, но не и на цркви и училишта, германската канцеларка го објасни ова со уставни причини.

„Правото на образование и практикување религија заземаат висока позиција во Уставот, а таа одлука е донесена со експерти по уставно право“, рече Меркел.

Таа истакна дека повторно ќе се сретне со премиерите на федералните провинции во средината на овој месец за да утврди дали новите рестриктивни мерки даваат резултат.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе