Меркел: Европа да преземе поголема одговорност во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел побара Европа да преземе поголема одговорност во светот и изрази жалење што односите со САД се поинакви, особено прашањата за животна средина.

– Треба да вложиме поголем напор за да се избориме со вонредниот предизвик, новиот коронавирус, но јас сакам уште повеќе, сакам ЕУ, особено во време на криза да покаже светска солидарност и да преземе поголема одговорност, истакна Меркел во синоќешното обраќање во Фондацијата Конард Аденауер.

Германија на 1 јули го презема претседателствувањето со ЕУ, а Меркел, која најави заминување од функцијата во 2021 година, пред Фондацијатра ги презентираше главните насоки на ЕУ до крајот на годината, во ек на здравствена, економска и социјална криза.

– Пандемијата ќе доведе до интензивирање на судирите и постоечки проблеми во повеќе држави, поради што претставува предизвик за капацитетот на дејствување на ЕУ по прашањата за надворешната и внатрешната политика. Тоа е уште една причина повеќе за да ги заштитиме вредностите на ЕУ – солидарност, демократија, слобода, заштита на достоинството на секој човек, посочи Меркел.

Таа додаде дека Европа од кризата може да излезе посилна.

Меркел истакна и дека најважен партнер на Европа се САД, но оти тоа партнерство е поинакво отколку што би сакала ЕУ, посебно за прашањата за животната средина.

Таа оцени и дека ЕУ има „стратешки интерес“ да разговара со Кина и покрај несогласувањата за Хонгконг, каде треба да се одржи принципот „Една земја, два система“.

Германската канцеларка се осврна и на односите на ЕУ со Русија, при тоа обвинувајќи ја Москва дека поддржува марионетски режими во Источна Украина и оти ги напаѓа западните демократии, меѓу кои и Германија со хибридни средства.

Таа истакна дека „во меѓународните односи не се применува законот на посилниот туку силата на законот“.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Споредба на Хрватска и Србија

Read more

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Read more

Свет

Гутереш: Латинска Америка и Карибите се новата „жешка точка“ во пандемијата

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Градоначалникот на Сеул е најден мртов

Read more

Белгија забрани да се патува во Северна Македонија поради COVID-19

Read more

Вести

Гутереш: Латинска Америка и Карибите се новата „жешка точка“ во пандемијата

Читај повеќе

Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени

Читај повеќе

Почнаа мирни собири низ Србија, Вучиќ не се плаши

Читај повеќе

Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Читај повеќе

Мицковски: Одзивот можеби нема да биде висок, но ќе биде кредибилен за идна Влада

Читај повеќе

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Градоначалникот на Сеул е најден мртов

Читај повеќе

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Читај повеќе