Меркел го посети Аушвиц: Ова човечкиот ум не може да го сфати

Аушвиц, 6 декември 2019 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц и истакна дека тоа што се случило таму човечкиот ум не може да го разбере.

По доаѓањето во логорот таа прво го посети музејот во кој се наоѓаат многу предмети на поранешните логораши, но и остатоци од опремата за убивање на луѓето. Заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки таа положи венец на „ѕидот на смртта“, пред кој биле убиени илјадници лица.

- Важно е злосторниците да ги нарекуваме со вистинските имиња, а тоа сме ние Германците. Потсетувањето на злосторствата е наша одговорност, која никогаш нема да престане, нагласи Меркел.

Меркел истакна дека злосторствата на нацистите во овој логор се неодвоиви од германскиот идентитет.

- Злосторствата во Аушвиц се цврст дел од нашиот национален идентитет, рече таа и укажа дека злосторствата никогаш не смеат да се зборават, да се подвлече линија, ниту да се релативизираат.

Посетата на Меркел на Аушвиц во Германија се оценува како историски настан. Во овој логор досега биле само двајца германски канцелари. Последен беше Хелмут Кол во летото 1995 година. Пред него во 1977 година престојуваше тогашниот канцелар Хелмут Шмит, како прв германски канцелар кој го посетил Аушвиц.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе