Меркел и Макрон имаат план – голем притисок над Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела ќе извршат притисок над претседателот на САД, Доналд Трамп.

Целта е Трамп трајно да ја изземе ЕУ од американската царина на увоз на челик и алуминиум, изјави европската комесарка за трговски прашања Сесилија Малмстрем.

Ако казнените царини сепак бидат воведени, ЕУ, како што додава таа, ќе биде подготвена за возвратни мерки.

„Очекуваме безусловно и трајно изземање“, изјави оваа комесарка.

Макрон денеска ја почнува својата тридневна посета на Вашинготн, а Меркел ќе патува во четврток.

Малмстрем зборуваше и за новиот трговски договор на ЕУ со Мексико, кој, како што вели таа, е сигнал за остатокот на светот, но и за администрацијата на Трамп.

„Прелиминарниот договор кој е постигнат во саботата би требало да биде финализиран оваа година, а тој претставува силен сигнал за целиот свет“, изјави Малмстрем.

Мексико и Евопската Унија постигнаа договор околу нов трговски компромис, со кој практично ја елиминираат царината во меѓусебната трговија.

Обемен документ ќе ја поедностави царинската процедура и ќе ги укине тарифите „практично за сите“ производи, со кои тргуваат земјите членки на ЕУ и Мексико, пренесува „CNN“, повикувајќи се на соопштението од Европската комисија објавено во саботата.

реклама

Свет

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе