Меркел: Имам докази за обиди за руско хакирање на мојата канцеларија

Берлин, 13 мај 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека има „докази“ за „скандалозни“ обиди на руско хакирање насочени кон нејзината канцеларија.

– Јас искрено можам да кажам дека ми е лошо поради тоа. Секој ден се обидувам да имам подобри односи со Русија, а од друга страна има толку опипливи докази дека руските сили стојат зад тоа, рече канцеларката во своето обраќање пред Бундестагот.

Таа зборуваше за сајбер нападот насочен кон Долниот дом на германскиот Парламент и нејзината канцеларија во 2015 година. Во 2015 година, Бундестагот беше жртва на сајбер напад кој се припишува на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Според германските медиуми, хакерите добиле лични податоци на сервисот за пораки на канцеларијата на германскиот канцелар паралелно со сајбер нападот врз Бундестагот.

Меркел рече дека истражителите идентификувале еден осомничен во тој случај.

– Ние сè уште го задржуваме правото да преземеме мерки, вклучително и против Русија, рече канцеларката, нарекувајќи го тоа „скандалозен“ чин.

Ова е „целата стратегија“ што ја применува Русија, вклучително и искривување на фактите, продолжи Меркел. Таа додаде дека во тој контекст, се разбира, не е лесно да се продолжи со обидот за градење подобри односи со Москва.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе