Меркел ја повика Русија да го испита труењето на Навални

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја повика Русија да го испита наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата, откако лекарите пронајдоа траги од отровна супстанца во неговото тело.

– Со оглед на истакнатата улога на Навални во политичката опозиција на Русија, ги повикувам тамошните власти итно да го истражат ова злосторство до последен детаљ, рече Меркел во заедничката изјава со министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Тие што се одговорни мора да бидат идентификувани и да одговараат, додаде Меркел.

Навални, кој е остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се онесвести во авион минатата недела, откако пиеше чај додека беше на пат за Сибир. Лекарите во сибирската болница, кои први го лекуваа Навални, рекле дека му го спасиле животот, но во неговиот систем не нашле никакви траги на отров. Тие изјавија дека не биле под притисок од надлежните додека го лекувале.

Тој во саботата беше однесен во Германија на лекување, а тестирањата покажаа дека тој веројатно е отруен, објави денеска клиниката „Шарите“ во Берлин, каде беше префрлен од Русија.

Во соопштението се наведува дека тим лекари кои го испитале Навални утврдил присуство на инхибитори на ензимската холинестераза, супстанција која се наоѓа во некои лекови, но и во пестициди и нервни агенси.

Лекарите, сепак, истакнаа дека во овој момент не можат да утврдат на која супстанција бил изложен Навални.

Во изјавата се вели дека тој сè уште е на интензивна нега во индуцирана кома, како и дека неговата состојба е сериозна, но неговиот живот не е загрозен.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе