Меркел: Македонија е поблиску од кога било да го реши спорот за името

Македонија е поблиску од кога било во изминатата деценија да го реши долгогодишниот спор околу своето име со Грција, кој ги кочи амбициите на Скопје да им се придружи на НАТО и на ЕУ. Ова го порача германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес-конференција со премиер Зоран Заев во Берлин. Меркел го пречека Заев во Берлин со сите почести.

„Ме радува и за мене претставува олеснување што со владата на премиерот Заев во преговорите повторно дојде до придвижување. Имам чувство дека двете страни имаат интерес да се најде решение за ова прашање“, рече Меркел.  Германија сака проблемот да биде решен, онаму каде може ќе помогне и ќе ги охрабри партнерите да направат нужни чекори и да најдат решение.

Таа додаде дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е она што секогаш го поддржувааат. Конфликти во регионот има доволно, а еден помалку ќе значи многу, смета таа и додава дека е контрапродуктивно вршење притисок во спорот околу името. Според Меркел, двете страни треба да ги зајакнат напорите, а притоа се неопходни компромиси, кои секогаш се болни. Меркел вели дека не треба да се инсистира на датум за можен прием во ЕУ, туку во преден план треба да бидат напорите за исполнување на условите.

Премиерот Зоран Заев, кој е во своја прва посета на Берлин, потенцираше дека за неговата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО. За таа цел Македонија е спремна и прави напори да ги реализира потребните реформи. Заев ја потенцираше улогата на Германија како трговски и стратешки партнер за Македонија, но и очекувањата од натамошна германска поддршка на патот кон ЕУ и НАТО.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе