Меркел: Мора да се согласувате едни со други, тоа е многу важно за регионот

Берлинскиот процес секогаш е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото и се надеваме дека овој процес ќе продолжи. За регионот она што морам да го кажам е дека мора да се согласувате едни со други. Не заборавајте, затоа што тоа е многу важно, порача германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов по Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Софија.

– Овој самит, што се организра од две држави од кои едната е земја-членка, а другата кандидат, се одвива под отежнати околности и добро е што ни покажавте дека можете да ја одржите конферецијата и во овие тешки услови и можам да го претпоставам напредокот што го постигнавте, оцени Меркел.

Посочи дека формирањето на заедничкиот пазар е важна одредница како порака за нашите економии и воведувањето на четирите слободи ќе даде еден импулс како за граѓаните, така и за компаниите.

– Сакам да ви честитам и за тоа што се согласивте околу зелената агенда и тоа покажува дека сите ние сме заинтересирани да изградиме економија што е способна да овозможи премин кон економија без јаглерод диоксид и унапредување на агендата, и климатските промени, како и COVID-19, остануваат крупен предизвик што ќе биде важен за земјите од Западен Балкан, рече Меркел.

Истакна и дека Младинската конференција РИКО, воспоставена во рамки на Берлинскиот процес, овозможила да се сретнат млади од Балканот и изрази задоволство што тие ги вклучуваат и учениците и училиштата. Во тој контекст ги повика сите земји од Западен Балкан да ја унапредат соработката и во науката, затоа што, како што рече, тоа е најдобар начин да се промовира истражувањето и развојот на иновациите.

– Сакам да ве поканам по оваа средба во Софија, сите да дојдете во Берлин следната година се надевам ќе биде можен овој состанок следната година в лето, и уште еднаш ќе согледаме до каде сме стигнале со Берлинскиот процес, заклучи германската канцеларка Меркел.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе