Меркел: Путин ми рече „Нема да бидеш засекогаш канцеларка и тогаш Украина ќе влезе во НАТО“

Макфакс
/ 21.11.2024 / 14:54

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во своите мемоари уште еднаш ја оправда својата политика кон Русија и противењето на Украина да влезе во НАТО, јавуваат германските медиуми.

„Влезот на нова членка во НАТО не само што има за цел да ја зголеми безбедноста на новата членка, туку мора да се земе предвид и безбедноста на целата Алијанса“, неделникот Die Zeit цитира делови од мемоарите на Ангела Меркел „Freiheit“ (Слобода), кој треба да биде претставен следната недела.

Пасусот особено се однесува на политиката на Ангела Меркел кон Русија, која во меѓувреме често беше критикувана, и нејзината наводна отстапка кон Владимир Путин. Многумина веруваат дека Русија никогаш немаше да ја нападне Украина доколку Меркел дадеше зелено светло на апликацијата за членство на Украина и Грузија на состанокот на НАТО во Букурешт во 2008 година, анализираат медиумите.

„Целосно ја разбрав желбата на земјите од Централна и Источна Европа за што поскоро членство во НАТО. Меѓутоа, со секое проширување, самата Алијанса требаше да прегледа како тоа ќе влијае на безбедноста, стабилноста и ефикасноста на НАТО“, напиша поранешната канцеларка во своите мемоари.

Таа изјави дека во тој момент во случајот со Украина требало да се земе предвид фактот дека Русија ја стационирала својата црноморска флота на полуостровот Крим, што би донело „непредвидливи последици“. Меркел истакна и дека во тоа време само малцинство Украинци го поддржале барањето за влез во НАТО.

Поранешната канцеларка во своите мемоари наведува дека зеленото светло во принцип за Украина и Грузија на самитот во Букурешт за Путин било повик за борба. „Еднаш подоцна Путин ми рече: 'Ти нема да бидеш засекогаш канцелар, а потоа овие земји ќе станат членки на НАТО. И јас сакам да го спречам тоа'“, се наведува во мемоарите на поранешната долгогодишна германска канцеларка.

Нејзините мемоари ќе бидат објавени во повеќе од 30 земји на 26 ноември. Таа ќе ја претстави книгата во САД една недела подоцна, на настан во Вашингтон со поранешниот претседател Барак Обама, со кого имала блиски политички односи.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Свет

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Read more

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Read more

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе