Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, во Скопје неделава доаѓаат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Нивното доаѓање синоќа го најави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија.

- Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Куурц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред, истакна Заев на трибината во Берово.

Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО,  моментот кога сите, како што нагласи, треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија. Заев истакна дека е убеден дека македонските граѓани ќе ја препознаат и нема да ја пропуштат историската шанса што ќе ја обезбеди иднината на државата и на следните генерации.

Меркел в сабота доаѓа во Скопје, како што најави нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.

- Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.

Порака за охрабрување синоќа упати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Порача дека Македонија треба да ги искористи можностите што и се нудат и за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе