Македонија

Мерки против загадувањето: Граѓаните сами ќе ги плаќаат еколошките налепници за возилата

10. ноември 2018 - 14:17 | МИА

Скопје, 10 ноември 2018 (МИА) – Црвена, жолта и зелена еколошка налепница на возилата е новата мерка против аерозагадувањето која денеска ја најави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а ќе можат да ја добијат по соодветната контрола и тоа веднаш по донесувањето на законот.

-Зелената се однесува за хибридните, електричните и возила кои имаат ЕУРО 5, 6 стандард како и Еуро 4 во кои се вградени уреди за течен нафтен и земјен гас кои ќе можат слободно да се движат во кое било време какво и да е загадувањето. Жолтата налепница се однесува на возилата со ЕУРО 4, 3, и 2 стандардот со вградени компоненти еколошки и тие ќе имаат ограничено движење во денови кога има висока концентрација на загадувачки супстанци. Третата, црвената е за ЕУРО 2 и под тој стандард возила за кои ќе биде забрането и движење во деновите со висока концентрација загаденост, истакна Макрадули.

Појасни дека налепницата ќе ја утврди овластена техничка служба која доколку се  утврди дека спротивно на законот ги дели тие налепници ќе има соодветни санкции и казни, но ќе има и казни за возачите кои возат со налепница која е забранета за тој ден. Заменик министерот Макрадули рече дека мора да се воведе ваква мерка посебно бидејќи во Скопје секојдневно влегуваат околу 30.000 возила од внатрешноста на Македонија.

Како втора мерка, Макрадули рече дека Владата воведува начин за утврдување на субвенционирање на набавка на електрични  и хибридни возила за кои ќе се добијат 3.000 евра за хибридно и 5.000 евра за електрично возило. Според него се очекува оваа мерка првата година да ја искористат околу 200 граѓани или компании за 200 возила. Покрај оваа мерка ќе се субвенционира набавка на уреди за течен нафтен гас или метан до 50 проценти на трошоците за набавка на уредот, но не повеќе од 300 евра. Во првата година се очекува таа мерка да ја искористат 1.200 возила. За набавка на нови возила при замена или одјава на стари возлила, согласно новите закони за колективно постапување со отпадот, и старите школки или возила ќе треба да се складираат на соодветно место, но при набавката за ново, трошоците за одложување на возилото ќе се покријат.

Заменик министерот Макрадули информираше дека со такси превозниците е утврдена иниверзална жолта табличка со која треба да биде намалена нелојлната конкуренција, а ќе се зголеми квалитетот на услугите.

Коментирај