Мерките олабавуваат, цените на нафтата растат

По падот на нафтените берзи кон крајот на април, веќе втора недела по ред се бележи подобрување.

Берзите реагираат на олабавувањето на рестриктивните мерки што се очекува да донесе значително подобрување на побарувачката, а новиот договор на ОПЕК влијае со намалувањето на количините што се планира да се произведуваат.

Според веб-страницата Investing, на лондонската берза цената на барел нафта минатата недела пораснала за повеќе од 18% на 30,97 долари, додека на американската берза барел нафта се продава поскапо за 33%, односно 24,74 долари.

Цените на нафтата со месеци беа во опаѓање и достигнаа најниско ниво во изминатите две децении. Причината за тоа беше економската криза што ја намали индустриската активност, а со тоа и продажбата на нафтата, но исто така и преполните терминали кои предизвикаа продажба на мајските фјучерси по негативни цени, што беше историски раритет.

Растот на цените во изминатите две недели е предизвикан од очекувањата на брокерите дека олабавувањето на рестриктивните мерки ќе ја зголеми побарувачката за нафта.

„Пазарот и понатаму е прекумерно снабден, а намалувањето на производството на ОПЕК и другите доброволни намалувања исто така помагаат да се кренат цените. Наскоро се очекува да се појават и првите срамежливи знаци на закрепнување на побарувачката, имајќи го предвид постепеното ублажување на рестриктивните мерки“, вели Џејсон Гамел, аналитичар на Jefferies.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе