Мерко дозволил бесправно градење на објект кај базенот на хотелот Дрим, обвинение против 11 лица и 1 фирма

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против 11 физички и 1 правно лице во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот „Дрим“.

Правното лице и неговиот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година.

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м² и проценета вредност од 781.527 евра. Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист.

Четвртиот и петтиот обвинет се исто така службени лица – референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба со што несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности.

Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, какои дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот. Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект спротивен на одобрението за градење изнесува 1.630 м².

Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење. Имено, Основното јавно обвинителство Струга, водејќи ја истрагата за овој предмет наредило три вештачења – во 2021, 2022 и 2023 година од различни стручни лица од наведените области кои во наодите тврделе дека бесправно изградениот објект според своите габарити, внатрешна површина и висина одговара на техничката документација од основниот проект. Тие не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење.

Првообвинетото правно лице и управителот се обвинети за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а, градоначалникот за – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, двајцата други службеници во Општината како соизвршители за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, а вештаците се обвинети за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 од Кривичниот законик.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе