Месечината Европа крие водена пареа на темната страна

Научниците со помош на вселенскиот телескоп Хабл неодамна во нивните набљудувања открија водена пареа во атмосферата на Ганимед, една од месечините на Јупитер.

Потоа, користејќи ја истата техника, за време на анализата на архивските слики и податоци, открија дека водена пареа има и во атмосферата на ледената месечина на Јупитер, Европа, но само на една од нејзините страни, односно хемисфери.

Европа, една од 79-те месечини на Јупитер, е шести најблизок сателит до Јупитер и шести по големина во Сончевиот Систем. Тоа е ледено вселенско тело поголемо од џуџестата планета Плутон.

Површината на оваа месечина е полна со лузни и пукнатини, а просечната температура на неговата површина е -170°С. Но, научниците веруваат дека Европа крие огромен океан под својата ледена површина, во кој може да има вонземски живот. Сега, астрономите за првпат открија докази за постоење стабилна водена пареа во атмосферата на Европа, пишува ESA.

Водена пареа на едната половина

Астрономите пронајдоа водена пареа во ретката атмосфера на Европа од другата страна на хемисферата, која е спротивна на нејзиниот правец на движење. Имено, Европа е плимно затворена, што значи дека, како и нашата Месечина, една од нејзините страни е секогаш свртена кон матичната планета.

„Откривањето на водена пареа на Ганимед и на едната страна на Европа ќе го подобри нашето разбирање за атмосферата на ледените месечини. Изненадувачки, постои стабилна количина на H2O во атмосферата на Европа со оглед на толку ниски температури на површината“, вели астрономот Лоренц Рот од Кралскиот институт за технологија КХТ во Стокхолм.

Стабилно присуство на H2O

Рот ги анализирал архивските податоци од набљудувањата на Европа од 1999, 2012, 2014 и 2015 година, додека месечината била во различни позиции во својата орбита. На овој начин, тој може да ја одреди количината на кислород (молекулата на вода се состои од атоми водород и кислород) во атмосферата на Европа, а потоа, врз основа на интензитетот на емисиите на различни бранови должини, да го одреди присуството на водена пареа.

Научниците претходно забележале водена пареа на оваа месечина, но таа е поврзана со водени млазници што избиваат низ мразот; слично како гејзерите на Земјата - освен што на оваа далечна месечина се високи повеќе од 100 километри.

Новите резултати, сепак, покажуваат дека набљудувањата од 1999 до 2015 година покажуваат слични количини на водена пареа распределена на поголема површина. Ова укажува на долгорочно присуство на атмосфера на водена пареа на едната страна од хемисферата. На страната на Европа која е секогаш свртена кон Јупитер, не се пронајдени докази за присуство на водена пареа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе