Кинескиот сателит Longjiang-2 направи фасцинантна фотографија на која се гледа ретка перспектива – задната страна на Месечината со „малечката“ Земја покрај себе.
Сателитот влезе во орбитата на Месечината во јуни, 2018 година. Лансиран е заедно со кинеска сонда за комуникација.
Longjiang-2 имаше и сателитска придружба Longjiang-1, со задача да орбитира и да ја набљудува Месечината, но Кина го загуби контактот со него.