Месецов најмногу поскапеле овошјето и велосипедите

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Трошоците на животот и цените на мало во мај во однос на април годинава се зголемени за 0,4 отсто, додека споредено со мај лани бележат намалување за 0,2, односно 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Фото: Кајгана

Пораст на трошоците на животот во мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2  проценти, рибата и морските плодови за 0,9 отсто, жестоките пијалаци за 0,8  проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, пивото за 0,4 отсто, месото, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 проценти, лебот и житата и млекото за 0,2 отсто.

Во мај годинава, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај велосипедите, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,3 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3,2 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,8 проценти, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,8 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,7 проценти, другите медицински производи, медиумите за снимање, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, другата облека и додатоците за облека, обувките, теписите и другите подни покривки за 0,4 проценти, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на живот во мај годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0,6 проценти, јајцата за 0,5 отсто и виното за 0,2 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,2 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1 процент, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,9 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 проценти, облеката за 0,4 отсто, другите лични предмети за 0,3 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, терапевтските помагала и опрема, информатичката опрема за обработка на податоци, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,2 отсто.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе