Меси ги откри деталите од почетокот на неговата величествена кариера

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, во документарниот филм „Becoming Leo Messi“, за медиумите зборуваше за почетокот на неговата величествена кариера.

„Тешок беше периодот кога како дете тргнав да играм во Барселона, но од почетокот знаев дека сакам да останам во тимот. За првпат дојдов во Барселона на проба, таму бев 15 дена, па се вратив во Аргентина. По неколку месеци ме повикаа и ми кажаа дека сакаат повторно да дојдам. Ми дозволија да се вратам и да го започнам својот сон во Барселона“.

„Тоа беше голема радост за мене и за целото мое семејство. Вистина беше дека не можев да сфатам колку оваа одлука ќе го промени мојот живот. Бев дете и само сакав да играм фудбал. Не бев свесен колку ќе ми биде тешко да се преселам на друг контитент, и за мене и за моето семејство. На почетокот беше многу тешко. Не ми дозволуваа да играм на сите натпревари, а за еден фудбалер тоа е најлошо“.

„И покрај тие проблеми, имав и неколку повреди. Кога првпат заиграв после неколку месеци, се повредив и морав да паузирам“.

„Меѓутоа, ниту еднаш не посакав да се откажам и да се вратам во Аргенитна. Моите браќа се вратија во Аргентина, на мојата сестра ѝ беше најтешко.  Таа не можеше да се адаптира и да тргне во друго училиште. Затоа, мојата мајка се врати со неа со Аргентина. Јас останав во Барселона и сите ме прашуваа дали сакаш да останеш, јас јасно реков дека да“, се потсети Меси кој игра за Барселона од 2004 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе