Фудбал

Меси го чека казна: Мечот против Чиле можеби му беше последен во дресот на Аргентина

8. јули 2019 - 13:04 | МИА/КАЈГАНА

Лионел Меси може да добие забрана да настапува за Аргентина во следниве две години, поради неговото однесување за време на натпреварот за третото место на Копа Америка, како и по него.

Петкратниот освојувач на Златната топка беше избркан во мечот со Чиле, при победата од 2-1 на „гаучосите“. Поради неговото протерување, Меси ќе биде казнет за четири натпревари, но неговото однесување ќе се испитува по мечот од страна на Јужноамериканската конфедерација (CONMEBOL).

За санкција од две години ќе се дискутира поради „непрофесионалното однесување“ од страна на Аргентинецот. Во тој случај, тој може да ги пропушти сите дуели од Копа Америка во 2020 година, кога турнирот ќе се одржи во Аргентина.

Причината за истрагата против Меси и на состанокот на CONMEBOL што претстои, се неговите изјави пред новинарите, во кои изјави дека првенството е „наместено“ да го освои Бразил и дека има многу корупција во Јужноамериканскиот фудбал.

Би можело да се врати дури кога ќе биде длабоко влезен во 35-тата година, а мали се шансите дека на тие години би сакал да игра за репрезентацијата.

Коментирај