ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Меси го игнорираше Левандовски на теренот, ама се намуабетија после

Аргентина ја победи Полска со 2:0 и од првото место во групата Ц се пласираше во осминафиналето.

Стрелци на головите беа Алексис Мекалистер во 46. и Џулијан Алварез во 67. минута. Аргентина во осминафиналето ќе игра против Австралија, а Полска против Франција. Лионел Меси не успеа да погоди од пенал во 39. минута, одлично одбрани Војчех Шчесни.

Капитенот на Аргентина беше нервозен кога мечот се ближеше кон крајот, што најдобро се виде во последните секунди, кога беше фаулиран од полскиот капитен Роберт Левандовски.

Беше ситуација во близина на центарот на теренот. Левандовски бранејќи го резултатот што ја води Полска понатаму, малку поцврсто влезе во дуелот со Меси.

URL

Полјакот веднаш му се извини, но Меси го игнорираше и не сакаше да му подаде рака како знак дека извинувањето е прифатено.

На крајот од натпреварот Левандовски и Меси останаа во срдечен разговор.

Неколку пати Меси му кажа нешто на уво со рацете околу устата, за никој да не може да прочита за што зборува. И Меси рече дека никогаш нема да открие што си кажале.

URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе